Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Пристигна првата пратка од 5.800 дози вакцини „БионТек“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека во Турција пристигна првата пратка од 5.800 дози вакцини „БионТек“ (BioNTech)

1603689
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Пристигна првата пратка од 5.800 дози вакцини „БионТек“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по состанокот на Научниот совет за новиот тип коронавирус (Ковид-19) на кој учествуваше преку видео-конференција, објави писмено соопштение.

Министерот Коџа истакна дека од наредната недела ќе почне вакцинацијата на групата граѓани од 60 до 65 годишна возраст.

Коџа рече: „За да излезе Ковид-19 од глобален проблем пред нас нема години, туку месеци. Човештвото ја надмина очајноста на 2020 година. 2021 година е година на надеж и победа.“

Нагласувајќи дека Турција предвидувајќи ги можните проблеми коишто ќе се доживеат во точката на снабдување со вакцини рано стапи во акција, Коџа рече: „Различно од вакцината којашто ја користиме моментално (вакцината од кинеско производство Синовак) во нашата земја пристигнаа 5.800 дози вакцини „БионТек“ (BioNTech) кои ќе бидат употребени за тестирање. Овој месец ќе пристигнат 4,5 милиони дози коишто ќе бидат користени. За ова време ќе бидат завршени тестирањата на вакцината. И со оваа вакцина ќе бидат вакцинирани лицата кои се на ред за вакцинирање.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека заврши вакцинацијата на граѓаните над 65 години и на здравствените работници и го рече следното: „Почнувајќи од наредната недела ќе започне вакцинацијата на подолната, односно од 60 до 65 години.“

 



Слични вести