Рекордни пријавувања за „ТЕКНОФЕСТ 2021“: За натпреварите аплицираа приближно 40 илјади тимови

Петседателот на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција и претседател на Управниот одбор на ТЕКНОФЕСТ Селчук Бајрактар информира дека за годинашниот „ТЕКНОФЕСТ 2021“ се пријавија приближно 40.000 технолошки тимови

1602310
Рекордни пријавувања за „ТЕКНОФЕСТ 2021“: За натпреварите аплицираа приближно 40 илјади тимови

За натпреварите коишто ќе се одржат во рамките на годинашниот Фестивал за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ се пријавија приближно 40.000 технолошки тимови.

Петседателот на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и претседател на Управниот одбор на ТЕКНОФЕСТ Селчук Бајрактар, на својот порфил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со „ТЕКНОФЕСТ 2021“.

Бајрактар во објавата напиша: „ТЕКНОФЕСТ 2021 пред малку собори уште еден светски рекорд. И светскиот рекорд што го собори ТЕКНОФЕСТ 2020 се зголеми за двократно и за нашите натпревари се пријавија приближно 40.000 тимови. Најголемата високотехнолошка платформа за натпреварување на светот #Teknofest #MilliTeknolojiHamlesi (#Технофест #НационаленТехнолошкиПотег).“

Пријавувањата за „ТЕКНОФЕСТ 2021“ завршија заклучно со вчера. Во споделената објава на профилот на оваа манифестација на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека за „ТЕКНОФЕСТ 2020“ аплицираа 16.034 тимови, а за „ТЕКНОФЕСТ 2021“ 39.684 тимови.

Фестивал за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“, под раководство на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и Министерството за индустрија и технологија, заедно и со 71 заинтересирана институција меѓу кои се наоѓаат водечки технолошки компании, јавни и медиумски институции и универзитети на Турција, ќе се одржи од 21 до 26 септември на Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул

 



Слични вести