„Спејс икс“ лансира уште 60 интернет-сателити во вселената

Со проектот за глобално интернет-поврзување „Старлинк“ (Starlink)“, до 2027 година се има за цел да бидат лансирани во вселената 12 илјади интернет-сателити

1601447
„Спејс икс“ лансира уште 60 интернет-сателити во вселената

Американскиот произведувач на ракети, сателити и спејс-шатли „Спејс икс“ („SpaceX“) чиј основач е Илон Маск, лансира во вселената уште 60 интернет-сателити.

Сателитите на интернет мрежата „Старлинк“, базирана на сателити распоредени во орбитата на Земјата, коишто се лансирани по 22. пат, беа успешно испратени во вселената со помош на ракетата „Фалкон 9“.

Лансирањето беше реализирани од вселенската станица Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида.

Инаку, Американскиот произведувач на ракети, сателити и спејс-шатли „Спејс икс“ („SpaceX“) чиј основач е Илон Маск во рамките на проектот за интернет преку сателит, лансира сателити во вселената.

Со проектот за глобално интернет-поврзување „Старлинк“ (Starlink)“, до 2027 година се има за цел да бидат лансирани во вселената 12 илјади интернет-сателити.



Слични вести