Започна втората доза вакцина од втората фаза од испитувањата на домашната вакцина против Ковид-19

Ректорот на Универзитетот Ерџијес (ERÜ) во Кајсери проф. д-р Мустафа Чалиш истакна дека втората доза вакцина од втората фаза се планира да биде завршена кон средината на месец април, а потоа кон крајот на април ќе почне третата фаза од испитувањата

1598693
Започна втората доза вакцина од втората фаза од испитувањата на домашната вакцина против Ковид-19

Во домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на којашто со месеци се работи од страна на Универзитетот Ерџијес во градот Кајсери, се премина кон едно многу значајно тестирање.

Во работите за вакцина коишто продолжуваат со втората фаза од испитувањата, за прв пат на еден доброволец му е извршена втората доза вакцина и доколку резултираат позитивно испитувањата и од втората фаза, третата фаза од испитувањата ќе почнат да се водат во меѓународни рамки, врз идлјадници доброволци.

37-годишниот Сонер Акер кој е еден од стотиците доброволци за домашна вакцина ја прими втората доза од втората фаза на домашната вакцина чии испитувања продолжуваат.

Тој рече: „Многу сум добар, многу сум радосен. Во нашата земја се води голема борба против вирусот. И јас како граѓанин посакав да учествувам во оваа борба.“

Ректорот на Универзитетот Ерџијес (ERÜ) во Кајсери проф. д-р Мустафа Чалиш пак, истакна дека втората доза вакцина од втората фаза се планира да биде завршена кон средината на месец април, а потоа кон крајот на април ќе почне третата фаза од испитувањата.

Велејќи дека откако ќе се дојде до одредена точка во третата фаза би можело да се издаде и одобрение за итна употреба на домашната вакцина, Чалиш рече: „Ефикасноста и безбедноста се видени ѝ во првата фаза ѝ во третата фаза. Меѓутоа, треба да се видат и во третата фаза. Одлуката за тоа ќе ја донесе министерот за здравство.“

 



Слични вести