Националниот систем за противвоздушна одбрана „HİSAR-O+“ успешно ги помина тестовите за истрелување

Системот за противвоздушна одбрана од среден дострел „HİSAR-O+“ успешно го помина реализираното тестирање на најдалечен дострел и највисока височина досега во Турција, погодувајќи и уништувајќи ја целта во движење во воздух со директен полн погодок

1597920
Националниот систем за противвоздушна одбрана „HİSAR-O+“ успешно ги помина тестовите за истрелување
hisar a.jpg
hisar-o .jpg

Националниот систем за противвоздушна одбрана од среден дострел „HİSAR-O+“ со истреланата ракета успеа да ја погоди целта на најдалечен дострел и на највисока височина досега.

Претседателот за одбранбена индустрија на претседателството Исмаил Демир соопшти дека системот за противвоздушна одбрана од среден дострел „HİSAR-O+“ успешно го помина реализираното тестирање на најдалечен дострел и највисока височина досега во Турција, погодувајќи ја целта со директен полн погодок.

Исмаил Демир во споделаната објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информираше во врска со последните реализирани тестирања на системот за противвоздушна одбрана на средна височина „HİSAR-O+“.

Привлекувајќи внимание на обемот на реализираното тестирање, Демир го рече следното: „По предавањето на системот „HİSAR-O+“ направени се низа тестови, а со последното реализирано истрелување на нашиот противвоздушно одбранбен систем на средна височина „HİSAR-O+“, успешно го помина тестирањето на најдалечен дострел и највисока височина коешто е извршено досега во нашата земја, погодувајќи и уништувајќи ја целта во движење во воздух со директен полн погодок. Им се заблагодарувам на сите учесници кои имаат вложено труд и заслуги во овој проект на чело со партнерските компании АСЕЛСАН (ASELSAN) и РОКЕТСАН (ROKETSAN).“

Системот „HİSAR-O+“ којшто е развиен со националните можности на Турција ќе биде користен за обезбедување на потребите на Турција од противвоздушна одбрана на средна височина.

Системот којшто е развиен од страна на АСЕЛСАН и РОКЕТСАН и други учесници под координација на Претседателството за одбранбена индустрија, ќе биде користен особено за противвоздушна одбрана на стационирани неподвижни единици и на критични постројки.

Системот има за цел елиминирање (уништување) под сите видови временски услови на закани од воздушни летала со фиксни и ротациони крила, крстосувачки ракети, беспилотни летала и истрелани ракети воздух-земја.

Системот „HİSAR-O+“ располага со способност за реализирање на функции како утврдување на целта, класификација, идентификација, следење, комадна-контрола и контрола на оган.

Системот овозможува и додавање на нови потреби и карактеристики во согласност со развојот на новите технологии во иднина.

 



Слични вести