Универзитетот Хаџеттепе: Ефикасноста на вакцината „Синовак“ против Ковид-19 изнесува 83,5 отсто

Универзитетот Хаџеттепе во Анкара ги соопшти добиените резултати од третата фаза испитувања на процентот на ефикасност на кинеската вакцина„Синовак“

1594520
Универзитетот Хаџеттепе: Ефикасноста на вакцината „Синовак“ против Ковид-19 изнесува 83,5 отсто

Универзитетот Хаџеттепе во Анкара ги соопшти резултатите од третата фаза испитувања во Турција на развиената вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од страна на кинеската компанија „Синовак“ (SinoVak).

Според тоа, процентот на ефикасност на вакцината „Синовак“ против Ковид-19 изнесува 83,5 отсто, а процентот на спречување на хоспитализација во болница е 100 отсто.

На одржаната прес-конференција во Универзитетот Хаџеттепе добиените резултати од испитувањата на нуспојавите на вакцината „Синовак“ беа соопштени од страна на проф. д-р Серхат Унал и проф. д-р Мурат Акова. 

Според тоа, во рамките на спроведените испитувања на 10.250 лица доброволци им беше пуштена  вистинска вакцина и пласебо (празна вакцинација). Притоа е добиен процент на ефикасност на вакцината од 83,5 отсто. Процентот на спречување на хоспитализација во болница пак, изнесува 100 отсто.

За време на студијата не е забележан смртен случај и кај лицата кои беа вакцинирани со вистинска вакцина и кај лицата со пласебо (празна, лажна вакцина).

Нуспојави коишто се забележани најмногу кај кинеската вакцина „Синовак“ се кај 9,8 отсто замор, 7,6 отсто главоболка, 3,8 отсто болки во мускулите, 2,5 отсто температура, 2,4 отсто тресење, додека од локалните нуспојави 1,6 отсто е забележана болка на местото на инјектирање.

Првите меѓу резултати од извршените испитувања на кинеската вакцина „Синовак“ беа соопштени од страна на министерот за здравство Фахреттин Коџа пред тие да бидат донесени од Кина. 

Притоа според тогашните добиени резултати за ефикасност на вакцината „Синовак“ беше соопштено дека изнесува 91,25 отсто.

 



Слични вести