Офанзивното беспилотно летало „Акинџи“ оваа година ќе им биде предадено на Турските вооружени сили

Офанзивното беспилотно летало „Акинџи“ оваа година ќе им биде предадено најпрвин на турските воздухопловни и турските поморски сили

1592291
Офанзивното беспилотно летало „Акинџи“ оваа година ќе им биде предадено на Турските вооружени сили

Генералниот директор на компанијата „Бајкар одбрана“ („Baykar Savunma“) Халук Бајрактар даде изјави во врска со офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ за кое рече дека оваа година најпрвин ќе им биде предадено на турските воздухопловни сили и турските поморски сили.

Досега се произведени три прототипи на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ и наскоро се очекува да ги започне тестовите со истрели.

Компанијата „Бајкар одбрана“ („Baykara Savunma“) се планира до крајот на 2021 година да го предаде првото офанзивно бесплатно летало (ТИХА) „Акинџи“ на Турските вооружени сили (ТВС), а потоа со текот на времето има за цел да ги развие и различните конфигурации на беспилотното летало. 

Работите за премин кон сериско производство на „Бајкар Акинџи“ пак, во моментов веќе се започнати.

Офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ благодарение на своите технички способности на напредно ниво ќе можат да извршува некои задачи коишто ги реализираат воените авиони.

„Акинџи“ со себеспецифичната структура со извртени крилја ќе располага со распон на крилјата од 20 метри и со голем број станици за муниција. 

Ќе може да лета на височина од 40 илјади фити, ќе може да остане во воздух во текот на 24 часа и ќе може да носи корисна тежина од 1.350 килограми.

 



Слични вести