НАСА ја сподели првата испратена панорамска фотографија од Марс

Панорамската фотографија снимена со камерата „Масткем-З“ (Mastcam-Z) поставена на „Персеверанс“ опфаќа цел круг и е составена од 142 слики

1590619
НАСА ја сподели првата испратена панорамска фотографија од Марс

НАСА ја сподели првата панорамска фотографија со висока резолуција од површината на планетата Марс испратена од страна на извидувачкото возило роверот „Персеверанс“ (Упорност).

Панорамската фотографија снимена со камерата „Масткем-З“ (Mastcam-Z) поставена на „Персеверанс“ опфаќа цел круг и е составена од 142 слики. 

Форографијата е објавена на интернет страницата на НАСА.

Вселенското извидувачко возило роверот „Персеверанс“ беше лансиран на 30 јуни 2020 година од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во САД и по приближно седуммесечно патување од 470 милиони километри, на 20 февруари успешно се спушти на површината на планетата Марс.

Роверот „Персеверанс“ („Упорност“) кој е произведен во лабораторијата Џет Пропулсион во Калифорнија и работи со гориво од плутониум, е познат по тоа што располага со најразвиени технолошки карактеристики меѓу досега испратените возила на површината на Марс.

 



Слични вести