НАСА сподели снимки од слетувањето на „Персеверанс“ на Марс

Вселенското возило Персеверанс изградено во лабораторијата за реактивен погон на НАСА во Калифорнија и се напојува со плутониумско гориво

1588703
НАСА сподели снимки од слетувањето на „Персеверанс“ на Марс

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) објави слики од истражувачкото возило „Персеверанс“ што слета на Марс.

НАСА на профилот на Твитер кој што специјално го отвори за Персеверанс, сподели снимки од слетувањето на возилото на површината на Марс снимени од 3 различни камери и агли.

На видеото, кое започнува со отворање на падобранот за да се намали брзината на возилото што влегува во атмосферата на Марс, од другата камера јасно се гледа моментот на контакт на Персеверанс со површината на Марс, кое одредено време лебдеше на небото.

Со слетувањето на возилото на Црвената планета како што беше планирано, во седиштето на НАСА се слушнаа извици на радост и во вселената се случи новина со слетувањето на една планета.

Персеверанс, по лансирањето од платформата во Флорида на 30 јуни 2020 година, по патување од околу 7 месеци и 470 милиони километри, на 20 февруари успеа да слета на површината на Марс.

Вселенското возило Персеверанс изградено во лабораторијата за реактивен погон на НАСА во Калифорнија и кое се напојува со плутониумско гориво е познато по тоа што ги има најнапредните технолошки карактеристики меѓу возилата коишто досега беа испратени на Марс.

Персеверанс, кој има хемиски анализатор, 20 камери, карпа дупчалка за собирање примероци, роботска „рака“ и мал хеликоптер, на Марс се планира да остане 2 години за да ја истражи површината.



Слични вести