Нов рекорд од првото национално наоружано беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“: 300 илјади часа во воздух

Првото национално наоружано беспилотно летало (СИХА) на Турција „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) со остварени 300 илјади часа лет постигна нов рекорд во историјата на турското воздухопловство

1588319
Нов рекорд од првото национално наоружано беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“: 300 илјади часа во воздух

Првото домашно наоружано беспилотно летало (СИХА) на Турција „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) успешно реализира 300 илјади часови лет и постигна нов рекорд во историјата на турското воздухопловство.

Според објавеното соопштение од компанијата „Бајкар“ од чија страна се произведуваат националните системи (СИХА) на Турција, наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) постигна уште еден значаен напредок.

„Бајрактар ТБ2“ кој постигнува новини во историјата на турското воздухопловство, успешно реализира 300 илјади часови лет.

На тој начин, едно воздушно летало од оваа класа дизајнирано и произведено со домашни и национални можности со остварени 300 илјади часа лет стана првото национално воздушно летало кое реализира најдолга задача на небото. 

Наоружаното беспилотно летало (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) од 2014 година се користи ефикасно од страна на безбедносните сили во борбата против тероризмот, ѝ внатре во границите на земјата, ѝ надвор прекуграницата.

Наоружаните беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) освен во Турција, се наоѓаат и во инвентарот и продолжуваат да реализираат задачи и во Украина, Катар и Азербејџан.



Слични вести