НАСА ги објави првите добиени фотографии од „Персеверанс“ од површината на Марс

На објавените фотографии од страна на НАСА пред јавноста се наоѓа и една фотографија на којашто се гледа моментот веднаш кусо време пред спуштањето на извидувачкото возило „Персеверанс“ на површината на Марс

1587192
НАСА ги објави првите добиени фотографии од „Персеверанс“ од површината на Марс

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) по приближно 24 часа од успешното слетување на роверот (извидувачкото возило) по име „Персеверанс“ на површината на Марс ги објави и првите сликани фотографии од толку блиску коишто пристигнаа од Црвената планета.

На објавените фотографии од страна на НАСА пред јавноста се наоѓа и една фотографија на којашто се гледа моментот веднаш кусо време пред спуштањето на извидувачкото возило „Персеверанс“ на површината на Марс. На оваа фотографија мошне јасно се гледа површината на планетата.

На другите објавени фотографии внимание привлекува гадбата на областа кадешто се спушти роверот, додека надлежни на НАСА овие фотографии ги дефинираа со зборовите „Тоа, е нешто коешто не сме го виделе порано.“

Како што се истакнува опремата на „Персеверанс“ со бројни напредни инструменти, со 23 камери и со неколку микрофони била активирана веднаш по слетувањето.

Вселеното летало на НАСА од видот на ровер тешко околу 1 тон по седуммесечното патување и поминати 470 милиони километри во четврток, во 15:55 часот по источно американско време успеа да пристигне и да се спушти на без проблеми во кратерот „Језеро“ на Црвената планета.

Инаку, две вселенски летала (роверите) „Инсајт“ (InSight) и „Куриозити“ (Curiosity) се уште ги продолжуваат своите истражувања на орбитата на Марс.

Долгорочна цел на НАСА е во 2030-тите години да достигне до капацитет да може да испрати вселенско возило со екипаж (човек) на планетата Марс.



Слични вести