Предадени на полицијата и копнените сили првите хеликоптери „Атак“ од верзијата „Фаз-2“

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир информира дека на Генералната дирекција на полицијата и на Командата на копнените сили им се предадени првите хеликоптери „Атак“ од верзијата „Фаз-2“

1585572
Предадени на полицијата и копнените сили првите хеликоптери „Атак“ од верзијата „Фаз-2“

Започна предавањето на првите хеликоптери „Атак“ од верзијата „Фаз-2“ развиени од страна на турската одбранбена индустрија.

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека на Генералната дирекција на полицијата и на Командата на копнените сили им се предадени првите хеликоптери „Атак“ од верзијата „Фаз-2“ кои се опремени со приемник за ласерско предупредување и други системи за електронско војување чиј процент на домашно производство е уште повеќе зголемен.

Исмаил Демир во објавата напиша: „Атак за прв пат и е ставена во употреба на Генералната дирекција на полицијата. Нека е аирлија.“ 

 



Слични вести