СЗО ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за итна употреба

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус информира дека е одобрена вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19 за итна употреба

1584649
СЗО ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за итна употреба

Светската здравствена организација (СЗО) сопшти дека е издадено одобрение за итна употреба на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) развиена од страна на „АстраЗенека“ (AstraZeneca).

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на одржаната прес-конференција рече: „Веќе располагаме со сите неопходни средства за брза дистрибуција на вакцините, но сепак треба да го зголемиме производството.“

Велејќи дека е издадено одобрение за итна употреба на вакцината на „АстраЗенека“ (AstraZeneca), Гебрејесус појасни дека вакцините се произведени во „АстраЗенека/СКБио“ (AstraZeneca-SKBio) во Јужна Кореја и во Институтот за серуми во Индија.

Заменичката генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) д-р Мариангела Симао, рече дека земјите коии немаат пристап до вакцини конечно ќе можат да започнат со вакцинација на  своите здравствени работници и ризичните групи.

Вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на „АстраЗенека“ (AstraZeneca) претходно доби одобренија за употреба во повеќе од 50 земји, меѓу кои се наоѓаат и Велика Британија, Индија, Аргентина и Мексико.

 



Слични вести