Дали вештачката интелигенција ќе може да претпостави дали едно лице ќе умре од Ковид-19?

Според „Спутник“, истражувачите од Копенхагенскиот универзитет според податоците од околу 4.000 дански пациенти од „Ковид-19“, заклучиле дека вештачката интелигенција може да утврди дали некое лице ќе умре од коронавирус

1583200
Дали вештачката интелигенција ќе може да претпостави дали едно лице ќе умре од Ковид-19?

 

Се тврди дека вештачката интелигенција со точност од 90 отсто ќе може да утврди дали некое лице ќе умре од новиот вид коронавирус (Ковид-19) со анализа на медицинската историја на болеста и здравствените податоци.

Според „Спутник“, истражувачите од Копенхагенскиот универзитет според податоците од околу 4.000 дански пациенти од „Ковид-19“, заклучиле дека вештачката интелигенција може да утврди дали некое лице ќе умре од коронавирус.

Во студијата, беше наведено дека факторите како полот, наследните болести и високиот крвен притисок се идентификувани како „фактори на висок ризик“.

Меѓудругото, доколку вештачката интелигенција се развие, се смета дека може да помогне во идентификување на пациентите кои имаат потреба од апарати за дишење (вентилатори) и да го одреди редоследот на вакцинација.

Резултатите се наоѓаат во студијата што неодамна ја споделија истражувачите во Одделот за компјутерски науки на во Копенхагенскиот Универзитет.

Истражувачите наведоа дека уште од првиот бран на епидемијата, луѓето се обидуваат да развијат компјутерски модели кои можат да предвидат колку лошо ќе бидат погодени од Ковид-19 во однос на нивната историја на болести и здравствените вредности.



Слични вести