Во Турција започна вакцинацијата на здравствените работници со втората доза вакцина против Ковид-19

Здравствените работници на кои во рамките на борбата против Ковид-19 првата доза вакцина им беше извршена на 14 јануари, денеска (11 фавруари, 2021 година) ја примаат втората доза вакцина

1581755
Во Турција започна вакцинацијата на здравствените работници со втората доза вакцина против Ковид-19

Календарот за вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција продолжува да функционира без проблеми.

Здравствените работници на кои во рамките на борбата против Ковид-19 првата доза вакцина им беше извршена на 14 јануари, денеска (11 фавруари, 2021 година) ја примаат втората доза вакцина.

Досега во Турција се вакцинирани против Ковид-19 приближно 3 милиони лица.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во своите претходно дадени изјави велејќи „Целта е да  вакцинираме најмалку 60 отсто од нашето население“ истакна дека вакцината е најголемото оружје против вирусот.

Согласно планираниот календар за вакцинација од денеска почнува вакцинацијата и на граѓаните над 70 години.

Претходно беше вакцинирани со првата доза вакцина граѓаните над 90 години.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по вчерашниот состанок на Научниот совет соопшти дека од денеска ќе почне вакцинацијата и на граѓаните над 65 години.



Слични вести