Здравствени услуги од ТИКА на Пакистан

Во Карачи отворена првата единица за меѓуинтензивна нега за деца со крвни заболувања

1579776
Здравствени услуги од ТИКА на Пакистан

 

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) свечено ја отвори првата единица за меѓуинтензивна нега за деца со крвни заболувања во пакистанскиот град Карачи.

Според соопштението кое беше објавено од ТИКА, единицата за меѓуинтензивна нега за деца со крвнби заболувања е прва во земјата и е опремена со современа медицинска опрема. Единицата со 10 кревети на пациентите ќе им служи бесплатни услуги.

ТИКА на 27 јануари во болницата во Карачи воспостави модерна операциона сала за третман на деца со расцеп на непцето и усните.

ТИКА отвори и ултразвучен центар во една болница во Карачи кој обезбедува бесплатна услуга на 6 илјади пациенти годишно.



Слични вести