Претседателот на ТУБИТАК Хасан Мандал: Ефикасноста и доверливоста на домашната вакцина против Ковид-19 ќе бидат поголеми

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал рече:„Овие вакцини нема да бидат слични со оние на кои се работи во странство, ќе бидат вакцини со поголема ефикасност и доверливост против вирусот“

1573024
Претседателот на ТУБИТАК Хасан Мандал: Ефикасноста  и доверливоста на домашната вакцина против Ковид-19 ќе бидат поголеми

Како што е соопштено, домашната вакцина којашто ја развиваат турските научници ќе биде со поголема ефикасност и доверливост против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал во врска со работите за коишто се водат за развивање на домашна вакцина против Ковид-19 рече: „Овие вакцини нема да бидат слични со оние на кои се работи во странство, ќе бидат вакцини со поголема ефикасност и доверливост против вирусот.“

Хасан Мандал учествуваше на церемонијата на доделување на Научните награди на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) и Академијата на науки на Турција (ТУБА) што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Мандал говореше на отворањето на церемонијата на наградите при што информираше и во врска со работите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„Овие вакцини нема да бидат слични со оние на кои се работи во странство, ќе бидат вакцини со поголема ефикасност и доверливост против вирусот.“ - рече Тој.



Слични вести