„БиоНТек“ и „Фајзер“: Нашата вакцина е ефикасна и против мутацијата на Ковид-19

„БиоНТек“ (BioNTech) и „Фајзер“ (Pfizer) соопштија дека вакцината против новиот тип коронмавирус (Ковид-19) е ефикасна и против мутацијата на овој вирус којашто е утврдена во Велика Британија и Јужна Африка

1573166
„БиоНТек“ и „Фајзер“: Нашата вакцина е ефикасна и против мутацијата на Ковид-19

Како што се сооопштува  вакцината развиена против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од страна на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ (Pfizer) и германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ (BioNTech) е ефикасна против мутацијата на коронавирусот којашто е утврдена во Велика Британија и Јужна Африка, за којашто се наведува дека е попренослива (позаразна) и која се шири многу побрзо.

Во објавеното заедничко соопштение од страна на двете компании се истакнува дека според истражувањето спроведено од страна на Одделот за медицина при Универзитетот во Тексас и „Фајзер“, малата е вројатноста утврдените „мали разлики“ при тестовите на оригиналниот вирус Ковид-19 и мутацијата на овој вирус забележана кај новите варијанти во Велика Британија и Јужна Африка да предизвикаат одредено значајно намалување во ефикасноста на вакцината.

Во соопштението „БиоНТек“ и „Фајзер“ воедно се потсетува дека доколку се појават докази во врска со тоа дека мутацијата на вирусот ќе предизвикува неефикасност на вакцината којашто моментално се применува ќе се одговори на тоа.

Во соопштението се вели дека двете компании ќе продолжат да ја следат „ефикасноста“ на вакцината против вирусот вклучувајќи ги и новите варијанти на Ковид-19 и се нагласува дека флексибилноста на вакцината базирана на mRNA е мноу погодна за развивање на нова вакцина доколку се појави потреба од тоа.

 



Слични вести