СЗО го разгледува одобрувањето за итна употреба на две нови кинески вакцини против Ковид-19

Во веста на Кинеската глобална телевизиска мрежа (CGTN) се истакнува дека Светската здравствена организација (СЗО) ги испитува податоците на кинеските вакцини на „Синовак“ (Sinovac) и „Синофарм“ (Sinopharm)

1572411
СЗО го разгледува одобрувањето за итна употреба на две нови кинески вакцини против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го разгледува одобрувањето за внесување на „списокот за итна употреба“ на две нови вакцини против новиот тип коронавирусот (Ковид-19) произведени од страна на кинески компании.

Во веста на Кинеската глобална телевизиска мрежа (CGTN) се истакнува дека Светската здравствена организација (СЗО) ги испитува податоците на кинеските вакцини на „Синовак“ (Sinovac) и „Синофарм“ (Sinopharm).

Во веста се истакнува дека една екипа работи со компаниите пред внесувањето на овие вакцини на списокот за итна употреба од страна на Светската здравствена организација (СЗО) да се направи проценка на нивната усогласеност со меѓународните практики за квалитетно производство.

Кина за доставување на вакцини „Синовак“ (Sinovac) и „Синофарм“ (Sinopharm) склучи договори со најмалу 24 земји.

Потпретседателот на Националната комисија за здравство на Кина Зинг Јишин истакна дека програмата за вакцинација се одвива без проблеми и расте бројот на лицата кои сакаат да се вакцинираат.

Зинг рече дека при вакцинацијата им е дадено приоритет на лицата кои се наоѓаат во групата со висок ризик и  на здравствените работници.

Во континентална Кина во изминатите 24 часа се регистрирани 75 новозаразени со Ковид-19, а нема починати.

Од почетокот на Ковид-19 во Кина досега животот го загубија 4.636 лица, а бројот на инфектираните од вирусот изнесува 89.272 лица



Слични вести