Јужноафриканската Република за вакцината против Ковид-19 ќе плати за 2,5 пати повеќе од Европа

Јужноафриканската Република за вакцината против Ковид-19 развиена од страна на Оксфорд-АстраЗенека ќе плати по 5,25 долари што изнесува за 2,5 пати повеќе од цената што ја платија европските земји

1569326
Јужноафриканската Република за вакцината против Ковид-19 ќе плати за 2,5 пати повеќе од Европа

Јужноафриканската Република за вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе плати 2,5 пати повеќе од Европа.

Јужноафриканската Република за една доза вакцина на „Оксфорд-АстраЗенека“ (Oxford-AstraZeneca) ќе плати по 5,25 долари, додека европските земји за оваа иста вакцина плаќаат по 2,16 долари. 

Јужноафриканската Република која е најтешко погодената земја од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од Индискиот институт за серум порача најмалку 1,5 милиони дози вакцина.

Во четврток (вчера) еден висок функционер за здравство соопшти дека секоја од овие дози ќе чини 5,25 долари. Тоа пак, изнесува некаде околу 2, 5 пати повеќе од од износот што го плаќаат повеќето европски земји.

„Заменик генералниот директор за здравство Анбан Пилај пред да ја соопшти разликата во цената напиша куса порака дека „Националното министерство за здравство ја одобри цената од 5,25 долари која беше доставена до нас.“

Еден белгиски министер минатиот месец по грешка на својот профил на социјалната медија ги сподели утврдените цени за една доза вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, билатералните договори меѓу владите на побогатите земји и производителите на вакцина против коронавирусот, ги зголемија грижите по прашањето на порастот на цените и недостатокот од набавка за земјите со ниски и средни приходи.



Слични вести