Варанк: Наскоро ќе видиме како на небото над Европа летаат турски беспилотни летала „Бајрактар“ и „Анка“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека во мошне скоро време ќе видиме како турските беспилотни летала „Бајрактар“ и „Анка“ летаат и на небото над Европа

1568334
Варанк: Наскоро ќе видиме како на небото над Европа летаат турски беспилотни летала „Бајрактар“ и „Анка“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк преку видео-конференција учествуваше на настанот „Трети средби за одбранбена индустрија„ на тема „Домашното и националното производство во одбранбената индустрија“ што се одржува во Анкара. 

Во говорот што го одржа овде министерот Варанк истакна дека Турција благодарение на реализираните инвестирања во последните 5 години ќе се искачи во лигата на џиновите во одбранбената индустрија.

Тој рече: „Верувам дека инвестирањата коишто ги реализиравме особено во последните 5 години за кусо време ќе ја искачат нашата земја во лигата на џиновите.“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк го додаде и следното: „Во мошне скоро време ќе видиме како и на небото над Европа летаат купените беспилотни летала од Турција 'Бајрактар' и 'Анка'.“

 



Слични вести