Бројот на вакцинираните против Ковид-19 во Турција изнесува над 1 милион лица

Бројот на вакцинираните против Ковид-19 во Турција во рамките на процесот на вакцинација што започна на 14 јануари во четврток, изнесува над 1 милион лица (приближно 1 милион 045 илјади лица)

1567574
Бројот на вакцинираните против Ковид-19 во Турција изнесува над 1 милион лица

Во рамките на работите за вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција коишто започнаа на 14 јануари во четврток, бројот на вакцинираните лица ја надмина бројката од 1 милион лица (во моментов се вакцинирани вкупно приближно 1 милион 045 илјади лица).

Во првата етапа на започнатата вакцинација во земјата здравствените работници ја примија првата доза вакцина „КоронаВак“ (CoronaVac) која е произведена од страна на кинеската компанија „Синовак“ (Sinovac).

Во правец на вториот чекор од првата фаза пак, заклучно со вчера е започната вакцинацијата на лицата во домовите за стари лица и хендикепираните, како и граѓаните постари од 90 години.

На седмиот ден од процесот на вакцинација им е реализирана првата доза вакцина „КоронаВак“ (CoronaVac) на над 1 милион лица.

По реализацијата на првата доза на вакцината, втората доза ќе се применува по интервал од 28 дена.

 



Слични вести