ЕУ ќе купи дополнителни 300 милиони дози од вакцината „БиоНТек/Фајзер“ против Ковид-19

ЕУ ќе купи дополнителни 300 милиони дози од вакцината „БиоНТек/Фајзер“ против Ковид-19

1560004
ЕУ ќе купи дополнителни 300 милиони дози од вакцината „БиоНТек/Фајзер“ против Ковид-19

Европската унија (ЕУ) ќе купи дополнителни 300 милиони дози од вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) развиена од страна на „БиоНТек/Фајзер“ (BioNTech/Pfizer).

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во главниот град на Белгија Брисел одржа прес-конференција во врска со стратегиите за купување на вакцина.

Потсетувајќи дека Европската унија (ЕУ) претходно склучи договор за купување на 300 милиони дози на вакцината на  „БиоНТек/Фајзер“ (BioNTech/Pfizer) против Ковид-19, фон дер Лејен рече: „Сега го прошируваме договорот со 'БиоНТек и Фајзер“. Со новиот договор од 'БиоНТек' и 'Фајзер' ќе купиме дополнителни 300 милиони дози. На тој начин нашето купување на вакцина од 'БиоНТек' и “Фајзер' ќе го зголемиме за два пати.“

Фон дер Лејен привлече внимание дека 75 милиони од вакцините против Ковид-19 коишто ќе бидат купени со новиот договор ќе бидат добиени во вториот квартал на годината. 

Таа појасни дека Европската унија (ЕУ) досега постигна договори за купување на вакцини со 6 различни производители и го рече следното: „Нашиот портфеј на вакцини содржи 2,3 милијарди дози. Тоа е доволна количина многу повеќе и за вакцинација на сите Европејци.“

Укажувајќи дека Европската унија (ЕУ) треба да им помогне по прашањето на вакцината и на соседните земји во поблиското опкружување, фон дер Лејен рече: „Не само за себе си, треба да мислиме и за другите земји кои имаат потреба од нашата поддршка.“

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 21 декември 2020 година издаде одобрение за користење на вакцината на „БиоНТек/Фајзер“ (BioNTech/Pfizer) против Ковид-19.

По одобрението вакцинацијата во Европската унија (ЕУ) започна на 27 декември.

Европската унија (ЕУ) на 6 јануари издаде одобрение за користење и на вакцината „Модерна“ (Moderna) против Ковид-19.

Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ги и опциите претходно потпиша договори со „АстраЗенека“ (AstraZeneca) за купување на 400 милиони дози вакцини, со „Санофи-ГСК“ (Sanofi-GSK) 300 милиони дози, „Џонсон и Џонсон“ (Johnson and Johnson) 400 милиони дози, „КуреВак“ (CureVac) 405 милиони дози и „Модерна“ (Moderna) за купување на 160 милиони дози вакцини.

 



Слични вести