„Турксат 5А“ ќе биде лансиран во вселената утре (08 јануари, 2021 година) во 04:26 часот

Петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе биде лансирана утре во 04:26 часот од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во САД со помош на ракетата „Фалкон 9“ (Falcon 9) на компанијата „Спејс екс“ (Space x)

1559046
„Турксат 5А“ ќе биде лансиран во вселената утре (08 јануари, 2021 година) во 04:26 часот

Петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе биде лансиран во вселената утре (08 јануари, 2021 година) рано наутро во 04:26 часотпо турско време.

Сателитот ќе биде лансиран од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) со помош на ракетата „Фалкон 9“ (Falcon 9) во сопственост на компанијата „Спејс екс“ (Space x), а ќе врши услуга на орбитата 31 степен источно.

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) со својот животен век на маневар во орбибата своите права на фреквенција и орбита ќе ги стави под гаранција во текот на 30 години. 

Петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

Патувањето на сателитот „Турксат 5А“ (Türksat 5A) за да стигне до позицијата во својата орбита 31 степени источно се очекува да трае приближно 4 месеци и се има за цел да почне да функционира и да врши услуга во вториот квартал од оваа година.



Слични вести