Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на Модерна против Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) развиена од страна на американската компанија Модерна

1558731
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на Модерна против Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) развиена од страна на американската компанија Модерна.

За употреба на вакцината во Европа треба да помине и од одобрението на Европската комисија (ЕК) за која се очекува во најскоро време да ја соопшти својата одлука.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека одобрената вакцина на Модерна треба да се применува во две дози со растојание од 28 дена.

Германското министерство за здравство соопшти дека од американскиот производител Модерна ќе бидат купени 50 милиони дози. 

Министерството истакна дека оваа набавка ќе се обезбеди со посредство на Европската унија (ЕУ).

 



Слични вести