Одложено лансирањето на петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“

Засега не е соопштена причината поради која е одложено лансирањето, меѓутоа во документот „Временска прогноза за извршување на задачата за лансирање“ до којшто стигна Турската радио и телевизија (ТРТ) се гледа дека времето е густо и променливо облачно

1557499
Одложено лансирањето на петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“

Одложено е лансирањето на петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A).

Како што се истакнува е одложено лансирањето на петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) за кое се планираше да се реализира од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД). Засега не е соопштена причината поради која е одложено лансирањето, меѓутоа во документот „Временска прогноза за извршување на задачата за лансирање“ до којшто стигна Турската радио и телевизија (ТРТ) се гледа дека времето е густо и променливо облачно.

Како што се наведува лансирањето можеби е одложено поради неповолните временски услови. 

Петтата генерација сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

 



Слични вести