Пофалба од Командантот на Поморските сили на Украина Олексиј Неихпапа за турските беспилотни летала (ИХА)

Командантот на Поморските сили на Украина Олексиј Неихпапа истакна дека се подготвуваат да купат турски беспилотни летала (ИХА) за кои упати и пофалби

1556960
Пофалба од Командантот на Поморските сили на Украина Олексиј Неихпапа за турските беспилотни летала (ИХА)

Командантот на поморските сили на Украина Олексиј Неијпапа упати пофалби на сметка на турското бесплатно летало (ИХА).

Во период кога турските беспилотни летала (ИХА) Бајрактар ТБ2 (Bayraktar TB2) го зачувуваат своето место на дневниот ред со постигнатите успеси во Азербејџан, Либија и Сирија, изјава по ова прашање пристигна и од страна на командантот на Поморските сили на Украина Олексиј Неихпапа кој истакна дека се подготвуваат да купат турски беспилотни летала (ИХА).

Неихпапа одговараше на прашањата на редакцијата на украински јазик на Радио Слободна Европа и го рече следното: „Во 2021 година очекуваме да купиме турски беспилотни летала Бајрактар за потребите на Поморските сили.“

Велејќи дека турските беспилотни летала Бајрактар ќе располагаат со развиени тактички и технички карактеристики во однос на нивно искористување во оперативните области во Црното Море и Азовското Море и дека нивниот домен на летање е зголемен, Неихпапа рече: „Турските беспилотни летала ИХА ги користевме и во крајбрежни и во поморски активности. Тие располагаат со големи способности.“

Командантот на Поморските сили на Украина Олексиј Неихпапа привлече внимание и на тоа дека бродоградилиштата на Украина треба да располагаат со технологија во стандардите на НАТО, а воедно истакна дека ќе обезбедат можност за достигнување до овие технологии благодарение на корветите од класата "АДА" чија изградба ќе започне во Турција и ќе продолжи во Украина.

Инаку, помеѓу Турција и Украина на 14 декември 2020 година беше потпишан договор за производство и споделување на технологија во сферата на турските корвети и беспилотни летала ИХА.



Слични вести