Угур Шахин: До крајот на март 2021 г. планираме на Турција да и испратиме 4,5 милиони дози вакцини

Проф. д-р Угур Шахин истакна дека до крајот на годината на Турција ќе и бидат испратени 550 илјади дози вакцини против Ковид-19, а до крајот на март 2021 година се планира да бидат испратени 4,5 милиони дози

1552589
Угур Шахин: До крајот на март 2021 г. планираме на Турција да и испратиме 4,5 милиони дози вакцини

Кооосновачот на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ (BioNTech) од чија страна во соработка и со американската фармацевтска компанија „Фајзер“ (Pfizer) е развиена вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19), проф. д-р Угур Шахин истакна дека постигнатиот договор со Турција за испорака на вакцината претставува големо задоволство за него.

Угур Шахин во врска со деталите на постигнатиот договор напомена дека во прва фаза до крајот на годината на Турција ќе и бидат испратени 550 илјади дози вакцини и го рече следното: „До крајот на 2021 година планираме да испратиме 30 милиони дози вакцини. До крајот на март планирана е испорака на 4,5 милиини дози, и вакцините и требаат на целиот свет. Сакаме праведно да ги обезбедиме дозите. До крајот на 2021 година, ако успееме, со Аллахова помош, ќе можеме да и обезбедиме на Турција 30 милиони дози.“

Појаснувајќи дека освен 30 милиони дози доколку постои можност и доколку за тоа пристигне барање од Министерството за здравство би сакале да испратат и поголем број на дози, Шахин рече: „За следната година заедно со компанијата Фајзер (Pfizer) сакаме да произведеме повеќе од 1 милијарда дози. 

Угур Шахин му се заблагодари на министерот за здравство Фахреттин Коџа за постигнатиот договор со Турција за испорака на вакцини и објасни дека со вакцините произведени од нивната компанија досега се вакцинирани 1,5 милиони лица и дека при овие вакцинации се забележани некои нуспојави, како главоболка, болки во рацете, малку замор и понекогаш температура, но додаде дека овие нуспојави престанувале за еден или два дена.

Шахин направи проценка и за вакцината против Ковид-19 развиена од страна на Кина, во врска со што рече: „Сега покажува дека е ефикасна и вакцината од Кина. Мислам дека нејзината ефикасност е околу 85-86 отсто. Ова се смета за добра и ефикасна вакцина. Не треба да се прави билокаков  проблем околу тоа дали тоа е вакцина од Кина, вакцина на 'БиоНТек' или пак вакцина на некоја друга држава. И Кинезите направија долги, детални анализи и клинички испитувања на оваа вакцина. Она што е значајно е да има доволно вакцини во Турција. Сите вакцини што ги видов досега се ефикасни, добро делуваат и можат да помогнат.“

Проф. д-р Угур Шахин, исто така истакна дека сакаат да инвестираат во Турција и го рече следното:

„Ние за првпат ги испорачуваме нашите производи во Турција. Сакаме да вршиме истражувања во Турција. Имаме разговори со Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК). Почнавме да работиме со професори на неколку универзитети. Сакаме да отвориме претставништво на 'БиоНТек' и во Турција. Освен овие инфекциски вакцини во Турција сакаме да вршиме клинички истражувања и во областа на ракот. Со Аллахова помош следното лето ќе започнеме со клинички испитувања за ракот (карциномот) и во Турција. Во различни места во Турција сакаме да отвориме канцеларии на 'БиоНТек' и да вршиме активности за истражување и развој.“

Велејќи дека своите интентизвни работи ќе ги продолжат до летото следната година, проф. д-р Угур Шахин рече: „Имаме одговорност да им доставиме на луѓето доволно дози вакцини. Ние не можеме да се одмориме до летото. Доколку летото светот здивне и ние ќе здвивнеме. Дотогаш ќе работиме.“

 



Слични вести