Состанок на Турскиот совет преку видео-конференција посветен на Ковид-19

На состанокот на Турскиот совет што се одржа преку видео-конференција посветен на Ковид-19, беа споделени искуствата во врска со процесот на лекување и вакцинацијата од новиот тип коронавирус (Ковид-19

1551577
Состанок на Турскиот совет преку видео-конференција посветен на Ковид-19

На одржаниот шести состанок преку видео-конференција на Научниот совет за здравство на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет), беа споделени искуствата во врска со процесот на лекување и вакцинација од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според објавеното соопштение од Турскиот совет, заменик генералниот секретар Омер Коџаман во говорот што го одржа на состанокот, освен за соработката којашто се реализира меѓу Турскиот совет и Светската здравствена организација (СЗО) во сферата на здравството, ги информира учесниците и во врска со последните студии и активности коишто се водат од страна на секретаријатот.

Заменик-министерот за здравство Алп Меше, информира во врска со најновите случувања во работите со вакцинација во Турција и истакна дека Турција располага со едниот од најразвиените системи за следење на вакцинација во светот. Алп Меше рече дека турската страна е подготвена за споделување на информации во врска со системот и да им помогне на државите членки на Турскиот совет.

Појаснувајќи дека Министерството за здравство подготвува интернет страница за сите прашања и теми во врска со вакцината против Ковид-19, Алп Меше рече дека оваа интернет страница за кусо време ќе биде ставена на располагање на јавноста.

Проф. д-р Арзу Топели Искит од Универзитетот Хаџеттепе имаше излагање во врска со лекувањето на заболените од Ковид-19 во одделенијата за интензивна нега, а даде детални информации и во врска со методите на лекување и статистичките податоци во борбата против епидемијата.

По излагањата, се одржа седница со прашања и одговори во врска со процесот на вакцинација против Ковид-19 во Турција, утврдувањето на приоритетните групи за вакцинација, несаканите ефекти на вакцината, ефикасноста на вакцината и други прашања во врска со пандемијата.

Страните, постигнаа согласност следниот состанок на Научниот совет за здравство да се одржи во јануари 2021 година и да се одржат едукации преку интернет по прашањата на стратегијата за епидемиолошки надзор во постепидемискиот период и лабораторскиот надзор за Ковид-19 и контролата на инфекцијата.

 



Слични вести