Туркиш Ерлајнс (ТХЈ) Текник А.Ш. го произведе првиот домашен и национален сервер и модем на Турција

Според објавеното соопштение од канцеларијата за печат на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс),

1548369
Туркиш Ерлајнс (ТХЈ) Текник А.Ш. го произведе првиот домашен и национален сервер и модем на Турција

Туркиш Ерлајнс (ТХЈ) Текник А.Ш. го произведе првиот домашен и национален сервер и модем на Турција.

Според објавеното соопштение од канцеларијата за печат на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс); патувањето со авион станува забавно искуство со „серверот“ како медиумски извор којшто пружа можност за складирање на медиумските содржини во авионите како што се филмови, музика, видео, весник, списание, магазин и сл., моментален пристап до интернет и тогаш кога ќе се посака споделување на различни содржини со патниците во авионот. 

Домашниот сервер чиј дизајн и производство се реализирани од страна на Туркиш Ерлајнс (ТХЈ) Текник А.Ш. и кој пружа можност заскладирање на податоци од 6 терабајти (TB), во споредба со своите еквивалентни производи, располага со 3 пати поголем капацитет за собирање на податоци.

Домашниот модем пак, обезбедува медиумските содржини складирани во серверот и интернет услугата со помош на технологијата за безжичен пристап да се пренесува на уредите на патниците.

Овие два производи на Туркиш Ерлајнс (ТХЈ) Текник А.Ш., првиот домашен и национален сервер и модем на Турција, добија одобрение од страна на Европска агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА).



Слични вести