Украина која купи турски беспилотни летала, се подготвува да купи и турски корвети

За време на посетата на турската делегација предводена од претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир помеѓу Турција и Украина беа потпишани договори за продажба на турски беспилотни летала и корвети од класата „АДА“

1548130
Украина која купи турски беспилотни летала, се подготвува да купи и турски корвети
iha.jpg

Украина кои купија беспилотни летала од Турција, се подготвува да им додаде нови и воедно својата флота да ја зајакне со турски корвети од класата „АДА“.

За време на посетата на турската делегација предводена од претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир, на соработката помеѓу двете земји во сферата на одбранбената индустрија им се додадени и нови договори за продажба на турски беспилотни летала и корвети од класата 'АДА'.

Во споделената објава на профилот на претседателството преку социјалната мрежа Твитер, се истакнува следното: „Соработката во одбранбената индустрија помеѓу Турција и Украина продолжува со нејзино интензивирање. За време на посетата на нашиот претседател Исмаил Демир на Киев се потпишани договори во сферата на корвети од класата 'АДА' и беспилотни летала со цел обезбедување на потребите на флотата на Украина.“ 

Украина која извесно време ги користи беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) коишто се произведуваат од страна на компанијата „Бајкар“, има за цел на оние со кои располага да им додаде и нови.

Украина, во договорите за коишто станува збор има за цел да ја зајакне својата флота за зголемување на безбедноста во Црното Море и Азачкото Море.



Слични вести