Ангела Меркел оствари средба со турските научници д-р Озлем Туреџи и проф. д-р Угур Шахин

Германската канцеларка Ангела Меркел оствари средба преку видео-конференција со турските научници д-р Озлем Туреџи и проф. д-р Угур Шахин кои ја развија вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1547556
Ангела Меркел оствари средба со турските научници д-р Озлем Туреџи и проф. д-р Угур Шахин

Германската канцеларка Ангела Меркел им честита на д-р Озлем Туреџи и проф. д-р Угур Шахин кои ја развија вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Меркел оствари средба преку видео-конференција со Туреџи и Шахин, основачите на германската биотехнолошка компанија „БионТек“ (BioNTech) и притоа истакна дека Германија чувствува гордост од тоа што располага со вакви истражувачи, а воедно алудира и на турското потекло на овие двајца научници.

„Многу сме горди на вас. Можам да го кажам тоа во име на германската Влада“- рече Меркел на видео-конференциската средба со Шахин и Туреџи, двајцата научници од турско потекло.

Д-р Озлем Туреџи и проф. д-р Угур Шахин пак, и се заблагодарија на германската Влада за дадената поддршка на нивните истражувања.



Слични вести