Министерот Варанк: Успешно се завршени тестирањата врз животни на 4 кандидати за домашна вакцина против Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека успешно се завршени тестирањата врз животни на 4 кандидати за домашна вакцина развиени во Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1547261
Министерот Варанк: Успешно се завршени тестирањата врз животни на 4 кандидати за домашна вакцина против Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк преку видео-конференција говореше на  „Конференцијата на платформата на Турција за вакцина и лекови КОВИД-19 на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК)“.

Министерот Варанк истакна дека успешно се завршени тестирањата врз животни на 4 кандидати за домашна вакцина развиени во Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„По фазите на дизајн, прототип вакцина и работите врз животни, успешно се завршени тестирањата врз животни на 4 наши кандидати за вакцина.“ - рече Тој.

Велејќи дека на целокупните различни технологии на вакцина и на дури поиновативни методи на кои се работи во светот се работи и од страна на Платформата на Турција за Ковид-19,  министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, го рече следното:

„13 кандидати за вакцина во нашиот екосистем се наоѓаат на списокот на Светската здравствена организација (СЗО). Според бројот на проекти на вакцина коишто ги водиме се наоѓаме на трето место, по Соединетите Американски Држави (САД) и Кина. 

Турција го разви и својот капацитет за производство на вакцина. Три фирми во Текирдаг, Коџаели и Адијаман располагаат со капацитет да можат да произведат 160 милиони дози вакцини.

Имаме за цел да ги завршиме за една година работите за формирање на центар за вакцина и лекови во биотехнолошкиот институт за генетско инженерство во ТУБИТАК МАМ (Центарот за истражување Мармара).“

 



Слични вести