Националниот одбранбен ракетен систем „Хисар-А+“ спремен за задача

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека пред да биде внесен во инвентарот, беше остварено последното тестирање пред прифаќањето на ХИСАР-А +

1546700
Националниот одбранбен ракетен систем „Хисар-А+“ спремен за задача

Остварен последниот тест пред прифаќање на првиот национален и домашен противвоздушен ракетен одбранбен систем ХИСАР-А+ кој беше развиен и усовршен од страна на  Акционерското друштво за воена електронска индустрија (АСЕЛСАН) и Акционерското друштво за ракетна индустрија и трговија (РОКЕТСАН), кој ќе се внесе во инвентарот.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека пред да биде внесен во инвентарот, беше остварено последното тестирање пред прифаќањето на ХИСАР-А +, првиот национален и домашен ракетен систем за противвоздушна одбрана кој под координација на Дирекцијата за одбранбена индустрија (ССБ) беше развиен од страна на АСЕЛСАН и РОКЕТСАН.

На видео објавата која беше споделена преку профилот на твитер на Управата за одбранбена индустрија, беше истакнато дека на тестот со испукување на ракетата со боева глава која беше развиена и усовршена од страна на ТУБИТАК-САГЕ, со ракета од долг дострел успешно беше погоден брзо-целниот авион.

На видеото што ја сподели Дирекцијата, беа објавен и снимки од тестовите со стрелање на HİSAR-A+, и беше потенцирано дека „Сега HİSAR-A + е подготвен. Аирлија нека е!“.



Слични вести