Јутјуб ќе отвори претставништво во Турција

Јутјуб е свесен за тоа колку е важен за производителите на содржини и корисниците во Турција

1546716
Јутјуб ќе отвори претставништво во Турција

 

Јутјуб соопшти дека одлучи да го започне процесот за именување локален претставник правно лице во Турција.

Во соопштението објавено од страна на Јутјуб беше истакнато дека компанијата, секогаш била посветена на транспарентноста, слободата на изразување и пристап до информации, а исто така многу внимавала на почитувањето на локалните закони и регулативи во земјите каде што работи.

Во соопштението во кое беше образложено биле анализирани новите обврски наметнати на платформите на социјалните мрежи со неодамнешниот закон број 5651 (Закон за регулирање на радиодифузиите на интернет и борбата против злосторствата извршени преку овие радидифузии) беше истакнато следното:

„Јутјуб е свесен за тоа колку е важен за производителите на содржини и корисниците во Турција, а исто така со големо интересирање го следиме полифоничниот уникатен свет, кој секој ден од страна на десетици илјадници производители на содржини се поставува на Јутјуб. Поаѓајќи од оваа свест и придржувајќи се кон нашите принципи, решивме да го започнеме процесот за именување локално правно лице на Јутјуб. Чувствуваме големо задоволство од објавувањето на одлуката што ја усвоивме, а која што ја споделивме со официјални претставници во Турција“.



Слични вести