Во Канада пристигна првата пратка вакцини против Ковид-19 на Фрајзер-БионТек

Канадскиот премиер Џастин Трудо во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во Канада пристигна првата пратка од 30 илјади дози вакцини против Ковид-19 на Фрајзер-БионТек (Pfizer-BioNTech)

1544928
Во Канада пристигна првата пратка вакцини против Ковид-19 на Фрајзер-БионТек

Во Канада пристигна првата пратка вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на Фрајзер-БионТек (Pfizer-BioNTech).

Канадскиот премиер Џастин Трудо во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во Канада пристигна првата пратка од 30 илјади дози вакцини против Ковид-19.

Трудо во споделеното соопштение со фотографија од истоварувањето на карго авионот кој слета на меѓународниот аеродром Мирабел во Монтреал, го напиша следното: „Ова е добра вест. Меѓутоа, нашата борба против Ковид-19 не заврши. Сега да продолжиме да бидеме на штрек уште повеќе од било кога досега.“ 

Вакцините на Фрајзер-БионТек (Pfizer-BioNTech) ќе бидат испратени во вкупно 14 центри за дистрибуција коишто се формирани во 10 провинции на територијата на цела Канада.

Како што се истакнува испораката на вакцини во Канада ќе продолжи почнувајќи од денеска (понеделник) и првата примена на вакцините се предвидува да биде започната во провинцијата Квебек.

Надлежни соопштуваат дека приоритет во вакцинацијата ќе имаат групата граѓани над 60 годишна возраст и дека затоа денеска ќе започне вакцинацијата во два домови за стари лица во провинцијата Квебек.

Канада, од вакцината против Ковид-19 развиена од страна на Фрајзер-БионТек (Pfizer-BioNTech) до крајот на месец март наредната (2021) година ќе добие повеќе од 4 милиони дози.



Слични вести