САД го лансираа во вселената шпионскиот сателит „НРОЛ-44“

Не е познато со каква задача ќе се употреби овој сателит во сопственост на Националната канцеларија за извидување (НРО), како разузнавачка служба одговорна за дизајнирање, производство, лансирање и стопанисување со сателитите за извидување на САД

1543651
САД го лансираа во вселената шпионскиот сателит „НРОЛ-44“

Соединетите Американски Држави (САД) го лансираа во вселената шпионскиот сателит „НРОЛ-44“ (NROL-44).

Според веста објавена на интернет страницата „Space.com“, сателитот чија функција се држи во тајност, беше лансиран од вселенската база Кејп Канаверал на Флорида со тешка носечка ракета „Делта 4“ произведена од страна на „Јунајтед Лаунч Алијанс“ (United Launch Allience „ULA“) во коорпорација на Боинг и Локид Мартин.

Не е познато со каква задача ќе се употреби овој сателит во сопственост на Националната канцеларија за извидување (НРО), како разузнавачка служба одговорна за дизајнирање, производство, лансирање и стопанисување со сателитите за извидување на САД.

Инаку, лансирањето на сателитот беше планирано за 26 август и 26 септември, но поради технички проблеми беше одложено.



Слични вести