Предупредување во врска со вакцината против Ковид-19

Првите вакцини беа направени на поранливите лица

1542618
Предупредување во врска со вакцината против Ковид-19

 

Регулаторната агенција за лекови во Велика Британија, порача заедничката вакцина против новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на компаниите Фајзер и Бионтек, да не се применува кај оние кои имаат значителни алергиски реакции.

Џун Рајн, претседател на Регулаторното тело за фармацевтски производи и здравствени производи (МХРА), рече:

„Синоќа разгледавме два извештаи за случаи на алергиски реакции. Знаеме дека ова не беше видено во обемни клинички испитувања“.

Рајн посочи дека првите вакцини беа направени на поранливите и дека препораките веднаш ќе им ги пренесат на соодветните страни.

Медицинскиот директор на Британската агенција за јавно здравје (НХС) фроф. Стивен Пауис рече дека се опоравуваат двете лица  кои имаат алергиски реакции.

Пауис објасни дека по алергиски случаи, МХРА на сите оние коишто имаат историја на значителни алергиски реакции им порача да не ја примаат оваа вакцина.

Вакцината Ковид-19 која беше развиена од страна на Фајзер и Бионетк, вчера првпат во светот беше употребена во Англија.



Слични вести