Боинг 737 макс првпат по 20 месеци повторно полета

По 20 месечна истрага, Федералната управа за авијација на САД соопшти дека грешката во авионите е решена

1539089
Боинг 737 макс првпат по 20 месеци повторно полета

Авионот 737 MAX на компанијата Боинг со седиште во Соединетите Американски Држави (САД) за прв пат полета по две големи несреќи предизвикани од технички проблеми во моделот.

Првите патници на авионот беа претставници на медиумите.

Во несреќата на авионот Боинг 737 Макс во 2018 година во Индонезија загинаа 189 лица.

Во авионот на Боинг, кој минатата година се урна во Етиопија загинаа 157 лица.

По овие две големи несреќи, компанијата сите авиони низ целиот свет од моделот 737 MAX ги повлече во хангарот.

По 20 месечна истрага, Федералната управа за авијација на САД соопшти дека грешката во авионите е решена.

Управата соопшти дека ја укинува забраната за летови на овие модели од минатиот месец, најавувајќи дека авионите сега се безбедни. По овие случувања, авионот „Боинг 737 МАКС“ за прв пат полета.

Првите патници на авионот беа претставниците на медиумите. Првиот лет беше од Далас до Тулса во Оклахома. Патувањето помина без проблеми.

Патничкиот авион од типот Боинг 737 МАКС првиот комерцијален лет ќе го изврши на 29 декември.



Слични вести