Турција планира да купи 75 милиони дози од две потенцијални вакцини против Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека Турција планира во зимските месеци (декември, јануари и февруари) да купи 75 милиони дози од две потенцијални вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1535189
Турција планира да купи 75 милиони дози од две потенцијални вакцини против Ковид-19

Турција, во зимските месеци планира да купи вкупно 75 милиони дози од две кандидати за вакцина со коишто се има за цел да се создаде имунитет против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека е потпишан договор за купување на вкупно 59 милиони дози во декември, јануари февруари од кандидатот за инактивна вакцина од кинеско производство чија доверливост и ефикасност се докажани во рано време, а дека се водат разговори за купување на вкупно 25 милиони дози во декември и од кандидатот за вакцина со основа на рибо нуклеарна киселина (mRNA) од германско производство.

Доколку бидат обезбедени вкупно 75 милиони од овие вакцини коишто се извршуваат во две дози ќе биде можно во зимските месеци да биде вакцинирано приближно половината од населението на Турција.

Министерот Коџа појасни дека како дополнителна опција се во контакт и за купување на кандидатот за вакцина развиен од страна на Русија којшто го содржи векторот аденовирус или друга потенцијална вакцина.

Потсетувајќи дека во Турција има 16 домашни кандидати за вакцина од кои во едниот се премина во фаза на тестирање, министерот за здравство Фахреттин Коџа напомена дека се надеваат оти најдоцна во месец април да почне да се користи со широка примена со клинички тестирања од трета фаза на кандидатот за инактивна вакцина којашто досега е извршена врз 44 доброволци и која почна да се тестира врз луѓе.

 



Слични вести