На списокот на најуспешни научници на светот се наоѓаат 857 научници од Турција
Во списанието „Plos Biology“ е објавен список составен од 160 илјади лица научници со процент од 2 отсто меѓу 7 милиони научници во светот во различни поддисциплини, меѓу кои се наоѓаат 857 научници од Турција

Меѓу првите 2 отсто во списокот на најуспешни научници на светот се наоѓаат 857 научници од Турција.
Според објавеното соопштение од Црноморскиот технички универзитет (КТУ), во списанието „Plos Biology“ е објавен список составен од 160 илјади лица научници со процент од 2 отсто меѓу 7 милиони научници во светот во различни поддисциплини.
Списокот е подготвен од страна на професор доктор Џон П. А. Јоанидис и неговата екипа за истражување од научници на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, САД.
При подготвување на овој список се земени во предвид значајни критериуми како што се индексот-h на научниците и бројот на објавени научни трудови публикации и цитати. Притоа беше извршено рангирање во 22 научни гранки и 176 подгранки.
На овој список, според податоците за 2019 година од Турција влегоа 857 научници.