Првата домашна вакцина спремна за употреба

Сите производствени процеси на производството на вакцината против тетанус-дифтерија за возрасни целосно завршија со домашни можности

1534130
Првата домашна вакцина спремна за употреба

 

Првата домашна вакцина која е произведена согласно меѓународните стандарди, спремна за употреба.

Сите производствени процеси на производството на вакцината против тетанус-дифтерија за возрасни целосно завршија со домашни можности.

Министерот за здравство Фахретин Коџа во писмената изјава рече дека согласно политиките за домашно производство, активностите коишто се преземаат од 2015 година наваму со поддршка на министерството, ги дадоа првите резултати.

„Првата домашна вакцина која е произведена согласно меѓународните стандарди е спремна за употреба“ рече министерот Коџа потенцирајќи:

"Проектот одобрен и поддржан од нашето Министерство ги даде првите производи. Активностите за производство на вакцини, вклучувајќи го и трансферот на технологија, е успешно завршена. Сите процеси на производство на вакцина против титанус-дифтерија од типот на возрасни целосно се завршени со домашни ресурси“.



Слични вести