Во Турција вакциниран доброволец со првата тест-доза на развиената домашна вакцина против Ковид-19

Извршена е првата тест-доза на кандидатот за вакцина од домашно производство развиена во Центарот за истражување на вакцина и развивање примена и истражување при Универзитетот Ерџијес

1522530
Во Турција вакциниран доброволец со првата тест-доза на развиената домашна вакцина против Ковид-19

На доброволец му е извршена првата тест-доза на потенцијалната домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) „ERUCOV-VAC“.

Според објавеното писмено соопштение од Универзитетот Ерџијес во Кајсери (ЕРУ или ERÜ), во Центарот за истражување на вакцина и развивање примена и истражување при Универзитетот Ерџијес се завршени студиите за истражување и развој на кандидатот за неактивна вакцина „ERUCOV-VAC“ која е развиена против Ковид-19 целосно со домашни и наицонални можности и е поддржана од страна на Министерството за здравство.

По дозволата на Етичкиот совет и добиените одобренија од Министерството за здравство, во Центарот за добра клиничка пракса и истражување (İKUM) се започнати работите од првата фаза на кандидатот за неактивна вакцина „ERUCOV-VAC“ чија прва тест-доза е извршена на доброволец.

Првата доза на кандидатот за вакцина „ERUCOV-VAC“ којашто од страна на академиците на Универзиттеот Ерџијес е равзиена против Ковид-19, му е извршена на доброволецот по име Назиф Дурна.

Ректорот на Универзитетот Ерџијес (ЕРУ или ERÜ) проф. д-р Мустафа Чалиш информира дека работите од првата фаза се планира да бидат завршени во почетокот на месец јануари наредната година.

Доколку бидат успешно завршени работите од првата фаза во месец јануари ќе се премине на третата фаза.



Слични вести