Успешно автономно слетување и полетување на „АКИНЏИ“ на место без контролна станица на земјата

Техничкиот директор на Бајкар Селчук Бајрактар, соопшти дека офанзивното беспилотно летало „АКИНЏИ“ за прв пат реализира целосно автономно слетување и полетување на далечно место на кое немаше контролна станица на земјата

1522448
Успешно автономно слетување и полетување на „АКИНЏИ“ на место без контролна станица на земјата

Офанзивното беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ (Bayraktar AKINCI TİHA) кое е развиено од страна на компанијата „Бајкар“ со домашни и национални можности, во рамките на тестовите реализира успешно целосно автономно слетување и полетување на далечно место без контролна станица на земјата.

Техничкиот директор на Бајкар и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) Селчук Бајрактар,во објавеното соопштение по прашањето го истакна следното: „Нашето беспилотно летало АКИНЏИ Прототип 1 најпрвин полета од Текирдаг-Чорлу. Ги реализиравме нашите тестови за идентификација на системот на средна надморска височина. Потоа реалзиравме проби за слетување на далечно место. Најпрвин се доближи помина од ниско и потоа при вториот тест своите тркала ги стави на земјата, повторно полета. Сега ќе се врати ќе слета во Чорлу. Нека е аирлија за нашата татковина, за нашиот народ.“

Турското офанзивно беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ (Bayraktar AKINCI TİHA), својот прв лет го оствари на 6 декември 2019 година.

Во Центарот за истражување-развивање и производство на национално наоружано беспилотно летало С/ИХА Бајкар продолжува процесот на интеграција на третиот прототип на проектот „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ (Bayraktar AKINCI TİHA) чија прва испорака се планира до крајот на годината. 

И третиот прототип по завршување на интеграцијата ќе биде испратен во Командата на аеродромот Чорлу за да ги реализира своите тест летови.



Слични вести