Виртуелен саем за одбранбена индустрија „САХА ЕКСПО“ од 9 ноември 2020 до 9 април 2021 година

Виртуелен саем за одбранбена индустрија „САХА ЕКСПО“ од 9 ноември 2020 до 9 април 2021 година во дигитална средина

1521847
Виртуелен саем за одбранбена индустрија „САХА ЕКСПО“ од 9 ноември 2020 до 9 април 2021 година

Првиот тродимензионален виртуелен Саем за одбранбена индустрија на светот „САХА ЕКСПО“  (SAHA EXPO) од 9 ноември 2020 до 9 април 2021 ќе се одржи во дигитална средина.

Најголемото индустриско групирање на Турција „САХА Истанбул“ (SAHA İstanbul) фрла потпис на една новина.

Виртуелниот саем „САХА ЕКСПО“ (SAHA EXPO) којшто ќе може да се посети нон стоп 7/24 од сите страни на светот ќе се одржи онлајн со учество на над 300 фирми меѓу кои се наоѓаат и светски познатите компании на турската одбранбена индустрија како што се „АСЕЛСАН“ (ASELSAN), „РОКЕТСАН“ (ROKETSAN), „ХАВЕЛСАН“ (HAVELSAN), „БАЈКАР“ (BAYKAR), „ФНСС“ (FNSS), „Кале Воздухопловство“ (Kale Havacılık) и „Алтинај Воздухопловство“ (Altınay Havacılık).

Производите и системите развиени од страна на стотици фирми во одбранбената индустрија на чело со офанзивното беспилотно летало (ТИХА), хеликоптерот АТАК, Бајрактар ТБ2 и ракетни системи, ги очекуваат своите посетители од светот.

На отворањето на саемот коешто ќе се одржи на 9 ноември во 11:00 часот на кое се очекува да учествуваат и министерката за трговија Рухсар Пекџан и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, ќе се емитува во живо и на профилите на „САХА Истанбул“ (SAHA İstanbul) на социјалните медиуми.

Освен тоа, Виртуелниот саем „САХА ЕКСПО“(SAHA EXPO) ќе биде отворен за посета преку интернет адресата https://sanalfuar.sahaexpo.com/

 



Слични вести