Пресметана стапката на смртност од Ковид-19

Стапката на смртност во земјите со високи приходи е 1,15 отсто додека во земјите со ниски примања 23 отсто

1520523
Пресметана стапката на смртност од Ковид-19

 

Стапката на смртност од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјите со високи приходи е 1,15 отсто, а во земјите со ниски примања и младо население оваа бројка изнесува многу помалку.

Научниците од Царскиот колеџ во Лондон испитаа 175 научни студии и 10 резултати од тестовите за антитела за да ја пресметаат вистинската стапка на смртност од Ковид-19.

Научниците при анализата на податоците, ја зедоа во предвид и „серо(ре)верзијата“, што значи постепено намалување на антителата.

Како резултат на анализата, беше заклучено дека стапката на смртност во земјите со високи приходи е 1,15 отсто додека во земјите со ниски примања 23 отсто.

Во студијата беше наведено дека високата стапка на смртност во земјите со високи приходи се должи на бројното старо население.

Од друга страна, според истражувањето, ризикот од смрт од ковид-19 на секои 8 години стареење се зголемува приближно двапати.

Додека стапката на смртност кај пациенти под 40-годишна возраст е приближно 0,1 отсто, кај луѓето постари од 80 години оваа стапка се искачува на 5 и повеќе отсто.



Слични вести