Домашниот авионски мотор ќе им придаде уште поголема сила на „Акинџи“ и „Бајрактар ТБ3“

Техничкиот директор на Бајкар и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата Т3 Селчук Бајрактар соопшти дека домашниот авионски мотор на Турција ќе им придаде уште поголема сила на „Акинџи“ и „Бајрактар ТБ3“

1518598
Домашниот авионски мотор ќе им придаде уште поголема сила на „Акинџи“ и „Бајрактар ТБ3“

Домашниот авионски мотор на Турција ќе им придаде уште поголема сила на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ и на наоружаното беспилотно летало (СИХА) „Бајрактар ТБ3“.

Техничкиот директор на Бајкар и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) Селчук Бајрактар, на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео во врска со авионскиот мотор од домашно производство развиен од страна на ТУСАШ Мотор Санаји А.Ш. (ТЕИ).

Селчук Бајрактар го истакна следното: "Национален дизајн развиен од ТЕИ (TEI), авионски мотор од домашно производство. Авионски мотор којшто располага со јасно највисоки вредности на перформанс во оваа класа, во светот. Како ќе кажете; тестиравме, споредивме... Ќе им се продаде сила на Акинџи и Бајрактар ТБ3! Коњот помина..."

Велејќи дека снимките од тестирањето се од пред еден месец, Бајрактар истакна дека тестираниот мотор не е прототип, туку мотор за сериско производство.



Слични вести