Предупредување од СЗО: Знаеме дека кога ќе дојде зимата, следните неколку месеци ќе поминат тешко

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека пандемијата е дојдена до загрижувачка фаза и го рече следното: „Знаеме дека кога ќе дојде зимата, следните неколку месеци ќе поминат тешко“

1512159
Предупредување од СЗО: Знаеме дека кога ќе дојде зимата, следните неколку месеци ќе поминат тешко

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, на одржаниот состанок за печатот преку видео-конференција во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева, истакна дека пандемијата „е дојдена до загрижувачка фаза“.

Гебрејесус рече: „Гледаме дека при влегување на северната полутопка  во зима, особено во Европа и во Северна Америка почнаа брзо да растат случаите. Знаеме дека кога ќе дојде зимата, следните неколку месеци ќе поминат тешко.“

Велејќи дека чувствува задоволство од преземените мерки од страна на лидерите на голем број земји за забавување на ширењето на вирусот и заштита на здравствените работници и здравствените системи, Гебрејесус рече: „Во споредба со првите денови на пандемијата медицинските сестри и лекарите знаат подобро како на најдобар начин ќе може да им се обезбеди најдобар начин на лекување на заболените од вирусот. Меѓутоа, тогаш кога болниците ќе достигнат до исполнетост на својот капацитет ќе се појави една многу тешка и опасна состојба, ѝ за заболените, ѝ за здравствените работници. Затоа е значајно сите Влади да се фокусираат на основните принципи за кршење на синџирот на зараза и за спасување на животите и на изворите за егзистенција.“

Основните принципи за коишто станува збор пак, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека се утврдување на активните случаи на зараза, спроведување истражување за кластерот во областите кадешто е многу регистриран вирусот, изолација на сите случаи, ставање под карантин на контактите, обезбедување на добра клиничка нега, поддржување и заштита на здравствените работници.

 



Слични вести