Вакцината „BCG“ против туберкулоза ќе се тестира дали ќе влијае и против Ковид-19

Според „ББС“ (BBC), вакцината „BCG“ против туберкулоза во рамките на меѓународната студија „Brace“ се тестира кај 10 илјади доброволци во Велика Британија, Австралија, Холандија, Шпанија и Бразил, во врска со тоа дали ќе влијае и против Ковид-19

1507078
Вакцината „BCG“ против туберкулоза ќе се тестира дали ќе влијае и против Ковид-19

Вакцината „BCG“ против туберкулоза ќе се тестира дали ќе влијае против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според „ББС“ (BBC), вакцината „BCG“ против туберкулоза која е развиена во 1921 година и за која постојат докази дека освен против туберкулозата би можела да обезбеди заштита и против другите инфекции, во рамките на меѓународната студија „Brace“, се тестира кај 10 илјади доброволци во Велика Британија, Австралија, Холандија, Шпанија и Бразил.

Во рамките на започнатата студија под водство на Универзитетот во Ексетер во Велика Британија, ќе се следат процентите на инфектирање од Ковид-19 на илјада доброволци врз кои ќе се тестира вакцината „BCG“.

Како што се истакнува, вакцината најверојатно ќе се врши врз здравствените работници за кои постои поголема веројатност да бидат подложени на инфектирање од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и на тој начин ќе може побрзо да се рабере ефикасноста на „BCG“.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус кој се наоѓа меѓу колумнистите на еден објавен напис во списанието „Lancet“,  претходно соопшти дека вакцината „BCG“ против туберкулоза располага со потенцијал да одигрува улога на мост се додека да се развие специјална вакцина против Ковид-19.



Слични вести