Секоја година во светот околу 2 милиони деца се раѓаат мртви

Епидемијата на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) може да предизвика зголемување на оваа бројка.

1505200
Секоја година во светот околу 2 милиони деца се раѓаат мртви

Секоја година во светот околу 2 милиони деца се раѓаат мртви.

Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и неговите партнери објавија извештај во кој беше направена пресметка на бројот на смртните случаи и раѓања во целиот свет.

Извештајот посочува дека секоја година во целиот свет околу 2 милиони деца се раѓаат мртви и дека епидемијата на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) може да предизвика зголемување на оваа бројка.

Во извешјатот се наведува дека намалувањето на здравствените услуги за 50 проценти поради епидемијата „Ковид-19“ во 117 земји во развој може да предизвика уште 200 илјади мртвородени деца.

СЗО во извештајот посочи дека ако жените добијат помош од обучен здравствен професионалец, постои можност да се спречи над 40 отсто од мртвородените деца.

Скоро половина од мртвородените деца се случиле при раѓање во Супсахарска Африка и Централна Азија, додека во споредба со Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, оваа бројка изнесува околу 6 отсто. Во извештајот беше споделена информацијата дека минатата година, 3 од секои 4 спонтани абортуси биле во Супсахарска Африка или Јужна Азија.

Исто така, беше подвлечено дека високите стапки на спонтан абортус се среќаваат кај етничките малцинства во развиените земји.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор рече дека „Една мајка на секои 16 секунди, на кое било место во светот ќе доживее неопислива болка од мртвороденото дете“.



Слични вести